Македонија во фудбал ќе одигра 2 пријателски натпревари во месец ноември, во слободниот термин на ФИФА. Фудбалската федерација на Македонија ги финализира последните детали и имињата на ривалите ќе бидат објавени на почетокот на следната недела. Селекторот Благоја Милевски ќе го искористи овој простор за да одржи две квалитетни средби на 17 и 20 ноември. Потсетуваме, Македонија прво во Абу Даби ќе се сретне со Саудиска Арабија.
Селекторот на Македонија У 21, Драган Канатларовски, го откри списокот од 24 фудбалери за турнирот во Хрватска на кој учествуваат и Албанија, Саудиска Арабија и Хрватска. Она што може да се забележи е отсуството на Дашмир Елези. Првиот натпревар, Македонија У21 го игра против Албанија У21, на 23 септември.
Екипата на ФК Шкупи преку социјалните мрежи објави дека на тренерската позиција ќе се врати Гоце Седлоски, а прв асистент ќе биде Арбен Нухиу. Седлоски го напушти тимот на Чаир, по ремито 1-1 со Победа. Од тимот од Чаир потврдија дека на функцијата претседател ќе биде Суат Алија, не соопштувајќи други детали дали Турчинот Ајдин Олгун си заминал или се уште останува./Alsat.mk
Махир Тачи