Владата и официјално потпиша договор за учество во изградбата на терминалот и гасната централа Александропулос. Македонија ќе треба да вложи 380 милиони евра, а за возврат да добие 25 отсто од сопствеништвото на централата. Дополнително, властите потенцираат дека ќе биде потребна и инвестиција во гасниот терминал од 10 отсто со вкупна вредност од 370 милиони евра.
Очекувањата се дека до 2023 година овој гасен терминал, како и гасната станица да бидат пуштени во употреба. Ваквата инвестиција според владата, земјава ја прави стратешки играч во регионот од областа на енергетиката бидејќи ќе може да ги снабдуваме дел од државите во опкружувањето со гас од САД и од Блискиот Исток. Инвестицијата според надлежните ја обезбедува државата со гас за следните 15 години.
– Advertisement –
„Нашите планови вклучуваат и нови гасоводни врски со Косово, Албанија и Србија. И очекуваме дека и овој дел значително да се подобри и унапреди соработката на регионално ниво. Со поврзувањето со земјите од Западен Балкан, Северна Македонија ќе стане транзитна рута на природен гас, а целта е Северна Македонија да стане дел од енергетскиот ХАБ на Балканот“, рече Фатмир Битиќи вицепремиер за економија.