Репрезентативката на Македонија во ракомет, во женска конкуренција, вечерва од 20.30 часот ќе го одигра најважниот натпревар на Светското првенство за ракометарки до 18 години што деновиве се одржува во Скопје.

Advertisements

Избраничките на селекторот Љубомир Савевски ќе се соочат со репрезентацијата на Исланд во спортската сала „Борис Трајковски“.Со реми, претставникот на Македонија може да оди во четвртфиналето, но постои можност и со пораз да оди во квалификациската фаза.

Ова второто ќе се оствари, во случај Шведска да го победи Иран, но гол-разликата да не биде многу висока, бидејќи ова последното е на страната на Македонија.

Организаторите на Мундијалот имаат гол разлика плус 12, додека Шведска е со минус 5 голови.Натпреварот меѓу Шведска и Иран започнува во 18.30 часот, додека Исланд и Македонија ќе играат 2 часа подоцна.

Прикажи повеќе