За нашиот дипломат кој е во притвор во Србија кај нас нема отворена постапка, заради која што ние би го барале како држава. Ние како Министерство за правда не сме добиле информација по основа на која треба да бараме екстрадиција или трансфер на осудено лице, изјави денеска миинстерот за правда Бојан Маричиќ.
Тој во одговор на нашето прашање дали има напредок во случајот со македонските дипломати, посочи дека институциите од Србија не стапиле во никаков контакт со Министерството за правда.
Тој напомена дека може да се бара екстрадиција или транфер на осудено лице, меѓутоа, како што рече, дипломатот не е ниту осуден се уште, ниту пак кај нас има постапка врз основа на која ќе треба да го бараат.
Маричиќ рече дека министерставата од Србија не стапиле во никаков контакт со Министерството за правда, а нема информација дали стапиле во контакт со Министерството за внатрешни работи