Глобалниот индекс за мир покажува скок од 11 поени за Македонија, со што земјата е рангирана на 40- то место и бележи подобрување во однос на безбедноста, покажува истражувањето на Институтот за економија и мир.

Претходната година земјава била рангирана на 51-то место, додека во 2019 година била стационирана на 57 место на ранг листата на австралискиот институт за економија и мир.

Според истражувањето за годинaшниот глобален индекс на мирот, врз чија основа се рангирани земјите од „најбезбедна“ до „најнебезбедна“, австралискиот институт за економија и мир.оценува дека во споредба со периодот од пред една деценија, светот во 2021 е побезбеден во последниве пет години.

На првото место за најбезбедна земја во светот е Исланд, по неа е Нов Зеланд, а на третото место е Данска. На четврото место е Португалија, додека на петтото место е рангирана Словенија.

Во однос на земјите од Западен Балкан, по Македонија која е на 40-тото место е Србија на 44-тата позиција со пад од 3 индексни поени. Албанија е на 48-то место со пад од 2 индексни поени, додека Црна Гора на 51-то место и бележи скок од 3 индексни поени. Босна и Херцеговина 72 бележи скок од 2 индексни поени а на 80. место од земјите од Западен Балкан се наоѓа Косово.

На дното на ранг листата од 163 земји се Јужен Судан, Сирија и Јемен. Последна и најнебезбедна земја е Авганистан.

Институтот за економија и мир рангира 163 независни земји и териории во светот, оценувајќи ја состојбата на мир во тие земји во публикацијата „Индекс на мирот“ за 2021 година