Ракометната репрезентација на Македонија ја оствари првата победа на светското првенство и се пласираше во следниот круг од натпреварувањето.

Имено со резултат 32:29 Македонија попладнево ја совлада репрезентацијата на Чиле.

Во следниот круг на натпревари ќе се натпреварува со репрезентациите од групата Х, односно македонските ракометари ги очекуваат уште три доста тешки натпревари и тоа против Русија, Белорусија и Словенија.

За играч на натпреварот беше прогласен македонскиот капитен Кире Лазаров.