Победник на „Јуниорскиот евросонг 2022“ е претставникот на Франција, симпатичниот, мултиталентиран Лисандро. Тој на евровизиската сцена во Ереван, Ерменија, каде се одржа 20-от , јубилеен „Детски евросонг“ ја отпеа песната „Oh maman“ и направи вистинско мало шоу на сцената. Се искачи на врвот на табелата по двете гласања на националните жирија и по добивањето на онлајн гласовите во сооднос 50:50. Второппасирана е Ерменија, годинашниот домаќин, а треторангирана беше Грузија.

Македонија, чии претставници годинава беа Лара, Јован и Ирина со песната „Животот е пред мене“ е 14-та со вкупно 56 поени.

Сепак, можеме да бидеме горди на нашите годинашни претставници, кои со својата ивездба, харизма и талент дадоа се од себе убаво да нѐ претстават во Ереван.