На Глобалниот индекс за мир (GPI) за 2025 година, Македонија е на 51 место со резултат од 1,799. Ова според Институтот за економија и мир (IEP) претставува пад од четири позиции во однос на минатата година.

Во регионот на Западна и Централна Европа, пред Македонија се: Хрватска на 19 место (резултат 1,519, пад од 1 позиција), Бугарија на 29 место (резултат 1,610), Грција на 45 место (резултат 1,764, ).

После нашата земја на листата е Албанија која е на 52 место (резултат 1,812, пад од 6 позиции), Босна и Херцеговина на 59 место (резултат 1,895, пад од 3 позиции), Косово на 63 место (резултат 1,908, пад од 3 позиции) и Србија на 6. место (резултат 1,914, пад од 1 позиција).

На глобално ниво, Исланд ја задржува титулата на најмирна земја во светот со резултат од 1,095, Ирска (1,260) и Нов Зеланд (1,282).

Русија (3,441), Украина (3,434), Судан (3,323), Демократска Република Конго (3,292) и Јемен (3,262) се меѓу земјите со најмалку мир, погодени од интензивни конфликти и хуманитарни кризи.

78 земји бележат влошување поради зголемениот број на надворешни конфликти.

Во делот на милитаризација трендот на подобрување на милитаризацијата беше широко распространет, при што 111 од 163 земји опфатени во GPI бележат подобрување.  Благ напредок има во делот на безбедноста и сигурноста во светот. Во ова насока подобрувања се бележат кај 95 земји, особено во делот за криминал, политичкиот терор и насилни демонстрации.

Помеѓу 2013 и 2022 година, повеќе земји имаат подобрување во позитивниот мир отколку што имаат влошување, при што 108 регистрирале подобрувања и 55 регистрирале влошувања.
Овие подобрувања главно биле поттикнати од подобрувања во следните столбови за позитивен мир: Слободен проток на информации, Правична распределба на ресурсите, Прифаќање на правата на другите и Високи нивоа на човечки капитал.
• Трите столба на позитивен мир за кои е забележано влошување од 2013 година се добри односи со соседите, добро функционирачка влада и ниски нивоа на корупција.

Фото: принтскрин

Текстот Македонија 51 на листата на земји според Глобалниот индекс за мир за 2025 е превземен од МАКФАКС.