Голем број на турски медиуми објавија дека македонски државјанин, Бобан Томовски, кој има претстој во Берлин, Германија, е уапсен на аеродромот во Истанбул. Според турските медиуми, се очекува Томовски да биде екстрадиран во сабота во Македонија.
Турските медиуми пишуваат дека Бобан Томовски бил соработник на познатиот турски бизнисмен Седат Пекер, кој наводно е во бегство во Обединетите Арапски Емирати. Турските медиуми пишуваат дека и Томовски бил вмешан во шверцот со дрога на организацијата на Пекер и дека заедно делувале за време на престојот во Македонија на Пекер.
Инаку, како што е познато, во скандалот кој го објави ВМРО-ДПМНЕ, а по кој беше спроведена полициска акција во која се упасени неколку лица, Седат Пекер се спомнуваше како лице на кое му биле издадени македонски документи, односно пасош, со туѓ идентитет. За ова веќе се осудени неколку лица, а дел од нив биле вработени во МВР.