dav

Македонците во Албанија го одбележаа Христовото раѓање – Божик присуствувајќи на светите литургии во храмовите во Мала Преспа. радиционално, меѓу нив беше и лидерот на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски.

– Христос се роди! Навистина се роди! Здравје, среќа, радост, љубов, благосостојба на сите да донесе. Среќен Божик, посака тој.

Тој присуствуваше на божествената литургија во црквата „Свети Димитрија“ во селото Горна Горица.

Македонските семејства синоќа ја испочитуваа традицијата со месење бадниково лепче со паричка и со посна вечера во кругот на најблиските.