Втора доза со друга вакцина во Македонија или со „Астра Зенека“ во Србија се опциите што би требало да ги имаат 15.000 македонски државјани кои поради недостаток на вакцини во земјава решија да се вакцинираат во Србија со единствениот избор – вакцината на „Астра Зенека“.
Според Проф. Д-р Александар Петличковски, Директор на Институтот за имунологија, една доза вакцина не носи статус вакциниран, туку за комплетна имунизација треба да се прими и втората доза.
Сепак, според досегашните одлуки, кој се вакцинирал во Србија, а нема 60 години, нема друга опција освен втората доза да си ја прими таму. Српскиот министер за здравство Лончар, деновиве порача дека македонските граѓани се добредојдени да ја примат втората доза таму.
Лончар остави простор да испратат вакцини за втора доза, доколку постигнат таков договор со Филипче, но каков е планот на Комитетот за имунизација за луѓето вакцинирани во Србија, не е познато.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.