Податоците од пописот на населението што деновиве го објави Државниот завод за статистика ни покажа каде се македонските граѓани живеат низ светот.
Тие граѓани, кои за време на пописот не живееа на територијата на Македонија, можеа да се попишат електронски, од местото каде што се иселени.
А според електронскиот попис Македонци има и во Северна Кореја. На ова место живеат дури 14 граѓани.
Според табелата, Македонци живеат на Малдивите, Фарските Острови, Микронезија, во Доминиканската Република, па дури и на Антарктикот.
Во секоја земја во Африка живее барем еден Македонец, а тоа значи дека повеќе од 200 нашинци живеат на овој континент.
Македонски граѓани има во Мали – 43, во Египет – 23, во Гана – 16, во Судан – 15, во Танзанија – 6, во Нигер – 2. Двајца Македонци живеат во Либиска Арапска Џамахирија, тројца во Јужен Судан, шестмина во Танзанија, двајца во Нигер, 16 во Палестина.
Попишани се над 1.8 милиони луѓе во земјава, додека пак електронски се попишани вкупно 204.805 лица. Табелата може да ја видите ТУКА!