Група граѓани кои заминале на одмор во Грција, денеска добиле информација според која хотелот Gerakini Sitonia vilage денес им го прекинал одморот поради нерасчистени сметки со Агенцијата преку која патувале. Станува збор за 10 фамилии од Македонија (семејства со деца), jавува Локално.

Сведочењата од таму велат дека семејствата си имале уплатено цел престој во „ЈК Травел“, а агенцијата ги немала уплатено целосно средствата на хотелот.

Дел од луѓето со мали деца моментално се пред хотелот и немаат каде да ја поминат ноќта.

„Оставени сме на улица тука околу 40 души. Исто така на доаѓање две семејства со мали деца беа оставени една ноќ сами да се снаоѓаат на улица поради нерегуларна работа на агенцијата ЈК Травел“, информира еден од туристите кои се пред хотелот.

Од „Локално“ ги контактирале „JK Travel“, но до моментот на објавување на текстот, не добиле одговор од туристичката агенција.