Македонците кои се пријавиле за вакцинација во Србија а немаат српско државјанство ќе можат да се вакцинираат и тоа само во Белград – информира преку својот Фејсбук профил професорот Дејан Трајковски.
Еве добри вести за Македонците без српско државјанство и без престојувалиште во Србија, коишто се пријавиле за вакцинација таму. После два месеци од пријавата на 27.01, добиена е покана за вакцинација на Београдски сајам на 27.03 со вакцината Оксфорд/АстраЗенека.
Тие што се пријавиле не згрешиле, само што ќе треба да патуваат два пати до Белград. Да не заборавиме, самото патување со автобус претставува голем ризик од зараза. Затоа, ако не патувате со кола, подобро почекајте го доаѓањето на вакцините во Македонија, напиша на Фејсбук, Дејан Трајковски.
Претходно, во Србија се вакцинираа 105 медиумски работници од Македонија, а во недела, преку Стопанска комора на Србија ќе се вакцинираат и дел од македонските бизнисмени како и вработени во нивните компании.
Еве добри вести за Македонците без српско државјанство и без престојувалиште во Србија, коишто се пријавиле за…
Posted by Дејан Трајковски on Thursday, 25 March 2021
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.