Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови по претежно суви коловози.
Постои намалена видливост поради појава на магла од 100 до 150 метри на патните правци Скопје Катланово и Катланово – Скопје и до 100 метри на патниот правец М. Брод – Кичево.
Сите патни правци во државата се проодни, без забрани и ограничувања.
„ДОО Стентон градба“ – Битола известува дека, во согласност со одобрението за привремена измена на режимот на сообраќај, на магистралниот пат А1 делница Фариш – Прилеп ќе врши санација на ударни дупки од 19.12.2024 г. до завршување на градежните работи.
Од 15.11.2024 година почна законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моментната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.3.2025 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има можност од појава на одрони. Ова особено се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Текстот Магла на неколку патни правци, сообраќајот се одвива тековно во зимски услови е превземен од МАКФАКС.