Хорнке и Магнусон со по седум гола беа најефикасни кај победникот. Ветеранот Линдберг со осум погодоци беше прво име кај поразената екипа.
Ракометарите на Магдебург стигнаа до титулата во првото издание на Лигата на Европа, откако во финалето во германското дерби славеа над Фуксе Берлин со 28-25.
Тимот на Бенет Вигерт доминираше во првиот дел, а потоа ја одбрани предноста во продолжението. Одличната одбрана на Магдебург беше клучна за конечната победа.
Во вториот дел ракометарите на тимот од главниот град на Германија успеаја да се приближат, но немаа сили за целосен пресврт. Тим Хорнке и Омар Магнусон со по седум гола беа најефикасни кај победникот, додека кај поразените искусниот Линдберг заврши осум гола.
Џери Толбринг беше најдобар поединец на средбата со десет гола во тимот на Рајн Некар Левен, а кај Висла најефикасен беше Золтан Сита со шест гола, по пет дадоа Грецки, Екдал од германскиот тим, како и Фернандез и Крајевски од полскиот табор.
Бронзениот медал го освои Рајн Некар Левен, кој во малото финале беше подобар од Висла Плок со 32:27.