Македонскиот репрезентативец Енис Барди успеа да постигне гол во Лигата на Европа за Трабзонспор, во натпреварот против Монако (3-0).

Играчот од средниот ред реализира од слободен удар во 57. минута од натпреварот во Турција. И тоа на атрактивен начин, во стилот на големиот Роналдињо, ја протна топката под живиот ѕид и таа заврши во мрежата.

За Енис Барди ова беше трет гол за Трабзонспор по трансферот од Леванте, или прв во Лигата на Европа по оние два во турската Суперлига.

Прикажи повеќе