На Мајли Сајрус одвикнувањето од алкохол сепак не и оди лесно. Откако во јуни минатата година таа откри дека поради операцијата на гласните жици не пиела шест месеци, во декември таа призна дека повторно се обидува да се оттргне од алкохолот, на во последните неколку недели повторно не успева да му одолее.

На снимањето во калифорнискиот Бурбанк вчера таа дошла во целосно распуштена состојба. Покрај рокерскиот аутфит збогатен со златно ланче околу вратот, Сајрус буквално била гушната со чашката црвено вино.

Видно алкохолизирана, пејачката со полна чаша се шетала на снимањето, и тоа во куса маица од која и се гледале колковите.

Да се потсетиме, Сајрус претходно имаше проблеми и со дрогата, која ја остави на 26 години, и на која, како што изјави во јануари оваа година, нема да и се врати никогаш.

„Всушност, една од причините поради кои се оттргнав од дрогата беше тоа што наполнив 26 години. Си кажав: Морам да се средам пред да наполнам 27 години, бидејќи 27-та година е време кога го поминувате прагот во животот или умирате како легенда“, изјави пејачката, алудирајќи на Клуб 27, групата музичари кои починаа токму на тие години.