Американскиот софтверски гигант „Мајкрософт“ соопшти дека на 15 јуни 2022 година ќе го повлече од употреба пребарувачот „Интернет експлорер“ (Internet explorer) и ќе се фокусира на „Еџ“ (Edge) за да се обиде да парира на водечката позиција на „Гугл хром“ (Google Chrome).
„Интернет експлорер“ е лансиран во 1995 година и доминира на пазарот на пребарувачи повеќе од 10 години, стандардно спакуван во „Виндоус“, што клиентите често го инсталираат на новите компјутери.
Пред две децении, „Мајкрософт“ беше обвинета поради тој пакет, а американски судија пресуди дека компанијата ги прекршила правилата за конкуренција.
„Мајкрософт“ ја обжали пресудата, но повисокиот суд ја потврди, а компанијата, сепак, продолжи да го инсталира „Интернет експлорерот“ во „Виндоус“.
Кон крајот на 2000-те, позицијата на „Интернет експлорер“ беше загрозена од „Гугл хром“, а пребарувачот на „Mајкрософт“ стана предмет на голем број мемиња кои ја исмеваа неговата бавност во споредба со конкуренцијата.
За да одговори на конкуренцијата, „Мајкрософт“ во 2015 година го претстави пребарувачот „Еџ“, што ја користи истата технологија како „Гугл хром“.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.