Денеска во Струмица премиерот Зоран Заев ја отвори канцеларијата за непосреден контакт со граѓаните. Во канцеларијата вработена е Душка Белчовска, мајка на Верица Белчовска, девојката која со донирањето на органите спаси повеќе човечки животи.
Од Кабинетот на премиерот информираат дека канцеларијата е отворена за едноставен и лесно достапен начин граѓаните да закажат средба со премиерот Заев, и за викендите тие средби да се реализираат.
„Премиерот Заев уште еднаш ја повтори огромната благодарност и восхит за одлуката органите на нејзината ќерка да бидат донирани и со тоа да спасат животи“, соопштија од Кабинетот на Заев.