Дете на возраст од 12 години се отруло во албанското летувалиште Саранда од прекумерна количина на Ибупрофен и било префрлено со хеликоптер во болница.

Како што се наведува, детето, државјанин на Украина, труењето го добило откако проголтало 400 милиграма таблети Ибупрофен, пренесува “ABC Albania”.

Постои сомнеж дека неговата мајка по грешка му давала тој лек, мислејќи дека е лоперамид за дијареја.

Се додава дека детето во болница било примено со силни болки во стомакот, тешка главоболка , проблеми со уринирање и поспаност.