Кога имате толку големо семејство, секој оброк е забавен, но замислете го купот садови за миење. За да си ги намали обврските, една мајка на 16 деца покажа дека јадењето може да биде вистинско задоволство и без чинии.
Џени и Реј Бонел се едно од најголемите семејства во Австралија. Тие имаат 16 деца и на социјалните мрежи често споделуваат детали за нивниот бурен семеен живот.
Нивните деца се на возраст од 5 до 30 години, на својот инстаграм – профил сподели фотографија на која се гледа како нејзините деца седат на подот спремни за ручек.

„Ручек“, напиша таа во описот на фотографијата.
Фотографијата стана вирален хит на Интернет, а нејзините следбеници ѝ се заблагодарија велејќи дека совршено ја прикажува семејната топлина и практичност.
Други родители го фалат нејзиниот едноставен, но вкусен оброк – омилен на сите деца.
„Најдобриот ручек на сите времиња“, напиша еден нејзин следбеник.

Покрај брзите оброци, Џени за своето големо семејство често подготвува и варена храна и редовно споделува видеа од нејзините чести пазарења.
Таа претходно откри дека неделно купуваат 36 литри млеко, 72 јајца, 30 пилешки батаци, десетина леба и слично. Во просек, таа троши околу 300 евра неделно на намирници за да го прехрани своето семејство.

Џени и Реј се родители на Џеси, Брук, Клер, Натали, Карл, Самуел, Камерон, Сабрина, Тим, Брендон, Ева, Нејт, Рејчел, Ерик, Дејмиен и Кејтлин.