Цела година молчев, чекав Обвинителството да ме повика да дадам исказ, за тоа како мајка ми почина заглавена во лифт, откако Брзата помош дојде кај нас дома брзо, ама како на кафе, неопремени ниту со носилка, ниту со адреналин, иако жената се гушеше. Вака за „Слободен печат“ ја почнува својата приказна низ солзи изреволтираниот Слободан Трендов, син на починатата Лилјана Трендова, кој на 29 декември 2019 година ја загубил мајка си во лифтот од зградата каде биле со многу луѓе, екипа на Брзата помош и соседи.
Брзата помош изреагира брзо ама дојдоа како на кафе, без боца кислород, без носилка, без адреналин. Мајка ми ја боцкаше шоферот, сестрата и докторката не знаеа што да прават. За ова имам сведоци живи, татко ми, соседот, се е евидентирано во полиција. Судската медицна кажа дека мајка ми има здраво, срце здрави бели дробови, но и се здебелиле гласните жици и затоа настанало гушењето. Брзата помош не направи реанимација, а тие во нивната изјава кажале дека направиле. Јас бев присутен цело време, каде направиле реанимација, во мислите, видно вознемирен вели Трендов.
Целата сторија на Слободен печат
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.