На ФЕЈСБУК профилот на Институтот Син Свет, објавени се неколку нови фотографии од делфини направени од нивните вработени за време на екскурзија.

“Зимско дружење! За време на екскурзија, западно од островот Лошињ, забележавме вкупно 12 добро познати тесни делфини. Нашите камери снимија мајки и младенчиња во игра”, напиша Институтот заедно со фотографиите.

Инаку, тие на крајот на минатата година снимија и јато од 30 делфини меѓу кои и мајка и младенче.