По укинување на првостепената пресуда од Апелацискиот суд за убиството на Пино Секондо, се огласи мајката на усмртеното момче.
Маја Трпковска на Фејсбук напиша дека во Македонија нема правда.
„Вода во пустина ќе најдеш, ама правда во Македонија тешко. Нема правда во Македонија, напиша“, Трпковска.
Од првостепена пресуда, Ангела Ѓорѓиевска доби 19-годишна казна затвор поради свирепото убиство на Пино Секондо. Судијката Ленка Давитковска ја прогласи за виновна, односно, дека помогнала во извршување на убиството кое се случи во 2018 година.
Телото на убиениот Пино беше пронајдено неколку месеци по убиството, во април 2019 година, кај местото наречено Башинец, во атарот на селото Љуботен.