Изгледот на овонеделната АТП листа е идентичен како и пред седум дена, што значи дека на чело е Шпанецот Карлос Алкараз со 7.675 поени, а зад него е најдобриот српски тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ со 7.595.
Имајќи предвид дека денеска во Лондон започнува третиот Грен слем сезонава, истиот редослед ќе се задржи и следниот понеделник, додека можна промена на врвот може да се случи само по завршувањето на турнирот во Вимблдон и само доколку Ноле победи на на неофицијалното Светско тениско првенство.
На овој турнир српскиот тенисер ја брани титулата освоена минатата година. Што се однесува до македонските тенисери, Калин Ивановски забележа мал пад и сега е на 370. позиција, додека Србљак напредуваше и скокна на 1093 место.