Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави денеска дека земјата ќе одржи референдум за уставните измени, објави државната новинска агенција Белта.
Лукашенко, кој се соочи со протести по спорната победа на изборите на 9 август, за кои неговите противници тврдат дека биле наместени, не кажа кога ќе се одржи таков референдум.