Белорусија не планира да војува со никого, на земјата не и треба војна, изјави денеска белорускиот претседател Александар Лукашенко.

Лукашенко при проверката на воено-индустриските производи во регионот Брест уште еднаш ги демантираше информациите кои се шират на социјалните мрежи дека државата спроведува скриена мобилизација.

Тој рече да не се обрнува внимание на „споменатите поплаки“.

– Мораме да се смириме и да си ја гледаме својата работа ако сакаме да нема војна, рече Лукашенко.

И претходно белорускиот претседател изјавуваше дека нема потреба од мобилизација.

Во меѓувреме, Министерството за одбрана соопшти дека може да повика резерва од 500.000 обучени борци доколку е потребно.

Резервистите сочинуваат околу 60 отсто од белоруската армија.