Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска денеска го посети даночниот обврзник КРОМБЕРГ&ШУБЕРТ БТ ДООЕЛ Битола чија основна дејност е производство на електрична и електронска опрема за моторни возила, а кој ја користи мерката за субвенционирање на придонеси заради зголемување на плати за 4476 вработени.
-Овој даночен оврзник ги користел и економските мерки кои ги донесе Владата за справување со кризата предизвикана од КОВИД-19, односно финансиска поддршка за исплата на плати за април, мај и јуни, каде државата ги помогнала со 73, 5 милиони денари и за месеците октомври, ноември и декември со поддршка од државата во износ од 206,6 милиони денари за исплата на плати на вработените, информираат од УЈП.
Лукаревска истакнала дека соработката и поддршката што си ја даваат државата и бизнис секторот е неминовна за заедничко надминување на кризните состојби, но и за заедничко споделување на успесите.