Негуваме вредности на взаемно почитување, правичност, еднакви можности, Едно општество за сите. Немаме ниту време, ниту луѓе за поделби, за национализми, за омраза, заедно сме, заедно работиме за побрз и хуман развој на општината, за побрз развој на нашата заедничка Татковина, рече заменик претседателката на Социјалдемократскиот сојуз, Сања Лукаревска на средбата со граѓаните на општина Чаир.
Чаир се гордее со својата традиција и брзо се развива во модерна општина. Со поддршка на Владата предводена од СДСМ се обезбедени 690.000,00 евра за општина Чаир од грантот од Светската банка за поврзување на локалната патна мрежа, се реконструираа и во тек е реконструкцијата на повеќе улици. Се грижиме за најмладите, тие се нашата иднина, инвестираме во нова градинка во Чаир со капацитет од 350 деца, во реконструкција и подобрување на условите во повеќе училишта, ја подобруваме комуналната инфраструктура преку реконструкција на постојни водоводи и канализации, вложуваме во заштита на културните вредности.
Чаир памети како се живеело, домакински, еснавски, да му помогнеш на соседот кога му треба, да го поканиш на чај, на баклава, на кафе муабет за живеачката, за работата, на секој празник заедно, пред дуќан заедно, оти животот е еден за сите и само заедно можеме да го направиме подобар. Затоа вложуваме во нашата иднина. Локалната економија е двигател на развојот, со поддршка од централнта власт во соработка со општините ќе ги поттикнеме малите бизниси, тие се темелот на економскиот развој, шанса за секого, поддршка за секоја добра идеја, можности за младите луѓе да се реализираат овде, дома, во својата општина.
Го имаме Најдоброто за развој на секоја општина, за подобар живот на секој граѓанин, за поддршка на младите, на жените, на децата, за Социјалдемократскиот сојуз и коалицијата секој еден е важен, градиме општество еднакво и праведно за сите, затоа на 17 октомври гласајте за 12, за советничката листа предводена од Марија Вељовска Кондовска, за Најдоброто за Чаир.”