СДСМ како партија е пионер во она што значи унапредување на позицијата на жената и ставање на пиедестал на она што значи женски права, истакна заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска на трибината „Еднакви, Активни, Гласни“ во организација на Форумот на жени на СДСМ.
Лукаревска посочи дека СДСМ во изминатиот период реализирал доста мерки и политики што значат унапредување на правата на жените.
Потсети дека СДСМ прв вовел принцип на ко-носители и принцип 50-50 на пратеничките листи,
„Во СДСМ имаме целосна рамноправност 50 отсто жени во сите тела и органи во партијата, тоа значи дека рамноправно се слуша нашиот глас, дека знаеме да носиме одлуки кои носат придобивки за сите граѓани. Меѓутоа она што е битно и сега и во иднина е женската солидарност во политиката и во нашата партија и воопшто во политиката. Сигурна сум дека успешен политички дијалог може да започнеме токму ние жените. Ќе се бориме и понатаму да нема машки и женски професии, туку да има успешно менаџирање на самата професија, да нема машки и заеднички перспективи туку да има реални заеднички можности. Ќе се бориме да нема веќе машки и женски прашања, туку прашања од општествен интерес“, заклучи Лукаревска.