Јавното објавување на компаниите вроди со плод, затоа што имаме драстично намалување на бројот на компании што немаат исплатено плата на своите вработени, истакна денеска директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска.
Таа посочи дека останале 258 работодавачи кои добиле финансиска поддршка, а немаат исплатено плата соодветно како што било наведено во уредбата и законите, односно тоа се однесува за, април, мај и јуни, односно октомври, ноември и декември.
– Advertisement –
– Двесте дваесет и шест од овие 258 работодавачи не исплатиле плата за еден месец, 26 не исплатиле плата за два месеца и шест компании немаат исплатено плата за три месеци. Кај оние кои направија злоупотреба за декемвриската плата, значи ги спроведовме сите дејствија за присилна наплата што ни беа таргетирани од страна на Законот за даночна постапка, рече Лукаревска