Дури седум гола беа видени денеска на натпреварот помеѓу Баер и Борусија Дортмунд во Леверкузен.

На овој натпревар од 4. коло се очекуваше спектакл, но кој би рекол дека на крајот ќе се постигнат дури седум гола, а Борусија благодарение на Ерлинг Халанд забележа важна победа со резултат 4:3.

Баер дојде до водство со голот на Пинг во деветтата минута, но гостите возвратија преку Халанд во 37. минута. Две минути подоцна ВАР го поништи голот на гостинскиот фудбалер Белингем поради прекршок во нападот.

Во 45. минута, Шик за ново водство на Баер, но Борусија возвраќа на почетокот на второто полувреме. Бренд помогнат од Халанд за 2:2. Во 55. минута нов гол – Диаби за 3:2.

Во 71. минута, Гереиро израмни на 3:3, а одличниот Халанд во 75. минута со нов гол, што им донесе триумф на Милионерите од пенал.

Во сенка на ова дерби се одиграа уште неколку натпревари. Унион Берлин и Аугсбург одиграа 0:0, Мајнц славеше со 2:0 кај Хофенхајм, Волфсбург со ист резултат на гостувањето кај Фурт, а Фрајбург и Келн ги поделија бодовите (1:1).