Во Тотенхем на повидок е голем пресврт во статусот на Деле Али.
Имено, претседателот на Тотенхем, Даниел Леви, е подговен да го испрати Деле Али на позајмица во ПСЖ кај поранешниот тренер на лондонскиот тим Маурицио Покетино и веднаш да донесе ново засилување.
Се чини дека Леви попушти пред барањата на менаџерот Жозе Мурињо кој нема намера да му даде вистинска шанса на Деле Али и бидејќи му паѓа цената со тоа што седи на клупа, најдобро решение и за клубот и за самиот фудбалер на кого му се потребни минути за да биде во комбинација за настап на ЕП, е Али да биде испратен на позајмица.
Поради ова, англиските медиуми тврдат дека Леви ќе ја прифати првата следна понуда од ПСЖ и веднаш ќе се насочи кон ангажирање на добро познат фудбалер.
Леви сака во Тотенхем да го врати Кристијан Ериксен кого минатата зима му го продаде на Интер за 20 милиони евра. Данскиот репрезентативец падна во немилост кај тренерот Антонио Конте и италијанскиот тим се обидува да го продаде во овој преоден рок.
Идејата на Леви е Ериксен да пристигне на позајмица до крајот на сезоната, а потоа неговиот договор да биде откупен за 20 милиони евра, истата сума за која го продаде на „нероаѕурите“. Иако Интер бара повеќе од 30 милиони евра, сигурно е дека најдобриот преговарач во светот на фудбалот ќе го истера своето доколку тргне по Ериксен.