Американските научници откриле дека шизофренијата, по повозраната животна доба, е вториот најризичен фактор за смртен исход како последица на компликациите предизвикани од ковид-19 се наведува во прилогот на научниот портал Science Alert.
Истражувањето било спроведено во периодот меѓу март и мај минатата година, врз 7.350 жители на Њујорк, кои биле позитивни на коронавирусот, а научниците ги следеле 45 дена по поставувањето на дијагнозата.
Меѓу нив имало 75 пациенти кои боледувале од шизофренија. Студијата покажала дека ризикот од смртен исход од ковид-19 кај овие пациенти бил речиси трипати поголем во однос на пациентите кои не боледувале од ова нарушување, утврдиле научниците. Тоа значи дека во спомената група испитаници, шизофренијата била на второто место според ризикот од смрта од коронаинфекцијата, веднаш зад поголемата возраст на пациентите.
Шизофренијата е ментално нарушување кое ја менува перцепцијата на пацеинтот за стварнота и влијае врз неговото расположение. Болеста може значително да го наруши имунолошкиот систем кај ваквите пациенти, па тоа е можната причина за ранливоста на ковид-19, тврдат авторите на споменатата студија.
Експертите кои не биле вклучени во ова истражување се попретпазливи со заклучоците и веруваат дека резултатите од студијата може да се објаснат со други коморбидитети, како што се дебелината на која шизофрените се склони.
Истражувањето упатува на тоа дека лицата кои боледуваат од шизофренија треба да бидат вброени во групата на висок ризик и да им се овозможи брз пристап до вакцините, наведува психијатарот и епидемиолог Метју Хотопф од лондонскиот Кралски колеџ, кој не учествувал во студијата.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.