На Тик Ток се шири видео на Google Maps кое прикажува место во Финска.

На него е прикажано село покриено со снег со стари дрвени куќички, пред кои се поставени кукли. Многумина на прв поглед пишуваат, изгледаат навистина морничаво.

Корисниците на социјалната мрежа во коментарите напишале дека се збунети и дека глетката ги исплашила. Но, некои сепак знаеја за што се работи и им рекоа на другите да се опуштат.

@battlebots00 #googlemaps #googleearth #googlemapsfun ♬ Love You So – The King Khan & BBQ Show

За што се работи?

Станува збор за уметничка инсталација на Реи Кела, која се наоѓа на 30 километри северно од центарот на финскиот град Суомусалми. Направен е од 646 сенишни имитации на луѓе во кошули кои се нишаат на ветрот, а поставени се во 1994 година. Инсталацијата се вика Silent People.

Уметникот не откри што го инспирирало да создаде ваква сцена во ретко населениот дел на Финска, но секогаш инсистирал посетителите да најдат своја верзија на одговорот.

На овие кукли секоја година, во секое годишно време им се дава различна облека, која ја оставаат луѓето што минуваат. Ги менуваат волонтери, но и патници. Оваа сцена изгледа морничаво, особено кога паѓа снег или кога месечината е полна. Тогаш во полутемнината се гледаат само силуети, чија облека се ниша.