Македонскиот првак во футсал Шкупи попладнево во Запорожје му гостува на украински Продексим Херсон, во рамки на шеснаесетфиналето на Лигата на шампиони (ЛШ).
Украинскиот првак влегува во мечот како голем фаворит, но во редовите на Шкупи преовладува оптимизам дека можат да приредат изненадување и да обезбедат пласман меѓу 16-те најдобри екипи во Европа.
– Пред нас е историски натпревар. Ја знаеме силата на противникот и што не очекуваме овде во Запорожје. Знаеме дека ќе биде тешко, но позитивната атмосфера во екипата и добрата форма ни влеваат надеж во позитивен резултат, изјави играчот на Шкупи, Реџеп Сулејмани за клупскиот сајт.
Шеснаесетфиналните пресметки во ЛШ во футсал започнаа вчера со убедливиот триумф на актуелниот првак Барселона над Приштина од 9:2, а преостнатите двојки се играат денеска.
Мечот во Запорожје започнува од 13 часот, а Шкупи во првото коло славеше на домашен терен над првакот на Република Ирска, Блу Меџик Даблин, со 2:0.