Вечерва во „Ланксес Арената“ во Келн го дознавме и вториот финалист во Лигата на шампионите (сезона 2019/2020), по две одиграни продолженија Кил со 36:35 славеше против Веспрем. Во регуларните 60 минути беше 29:29.
На денешната пресметка видовме доста пресврти, на крајот посреќни беа популарните „зебри“ во чии редови доминираше Хендрик Пекелер соосум голови, а седум запиша Никас Екберг.
На спротивната страна први стрелци со по седум голови беа Вуко Борозан и Гашпер Маргуч, а македонскиот репрезентативец Дејан Манасков забележа два погодоци (2/4, 50%).
Унгарците и натаму немаат финале во ова елитно натпреварување, а Германците по осмипат во својата историја ќе се борат за трофејот, имаат досега три титули, последната освоена во 2012 година.
Противник на бундеслигашот утре (20.30 часот) ќе биде Барселона која претходно во првото полувреме триумфираше над ПСЖ. Претходно од 18.00 часот е борбата за третото место на Ф4 турнирот.
По третпат во завршната битка ќе се соочат Барса и Кил, интересно, повторно по 10 години. Во сезоната 1999/2000 Каталонците двапати славеа со 28:25 и 29:24 (формат дома-гости), а во сезоната 2009/2010 Германците беа подобри со 36:34.