„По лошото, срамно и некоректно менаџирање од страна на Канеш Стогово – Скопје со ловиштата во Дебар, ловџиите од Дебар и Центарот Жупа организирани во ловџиското друштво Стогово 2, бараат од Министерството за Земјоделство, да го раскине Договорот за концесија со Канеш Стогово – Скопје, бидејќи во текот на сите овие Седум (7) години колку што Канеш Стогово – Скопје стопанисува со овие ловишта, забележани се масовни злоупотреби и неспроведување на одредени прописи, флагрантни прекршувања и нехумано однесување која ги иритираа сите ловци и љубители на овој спорт. Како одговор на овие прописи, ловџиите од Дебар и Центар Жупа решија да го кренат својот глас и да преземат мерки за да не дојде до пустош на ова ловиште од неодговорниот концесионер.
Минатата година, среде ловна сезона, Канеш Стогово – Скопје го прекина ловот за ловџиите од Дебар и Центар Жупа.
Не водење грижа за ловиштето врз основа на Законот за концесии.
Не прихранување и не посолување за дивечот во зимскиот период.
Не бележување на Територијата за размножување, ¼ од територијата.
Не разможување на дивечот.
Канеш Стогово – Скопје организираше неконтролиран лов и масовно уништување на дивата коза.
Канеш Стогово – Скопје дозволи лов на дивите зајаци во недозволен терен.
Канеш Стогово – Скопје цели 7 години нема инвестирано ништо во овој терен.
Ова се дел од причините за реакцијата на ловџиите од Дебар и Центар Жупа против неодговорниот концесионер Канеш Стогово Скопје, кој со својата неодговорност го уништува ловиштето во Градот Дебар и околината.
Неможноста веднаш да се одговори на ова некоректно управување – значи откажување од иднината на овој терен и откажување од заштита на ова природно богатство“, се вели во соопштението на ловџиското друштво Стогово 2.