Македонската фудбалска репрезентација првиот меч на историското ЕП го игра против Австрија на 13-ти јуни. Следниот меч е на 18-ти јуни против Украина, а и двата се играат во Букурешт. Стигнаа лоши вести за селекторот на Украинците, а добри за Македонија. Имено, селекторот Андриј Шевченко не може да смета на двајца стандардни репрезентативци и едни од подобрите. Станува збор за играчот за врска Јехвен Конопљанка од Шахтјор и Виктор Коваленко од Аталанта. Двајцата се повредени и тие нема да бидат во можност за настап.

Како што е познато во македонската селекција ќе го нема Несторовски поради повреда, а се чека опоравување на Енис Барди, односно негативен тест, откако беше востановено дека е позитивен на коронавирус.