Граѓаните на Франција веројатно нема да се вратата во нормалниот постковид живот пред есента 2021 година, рекол денеска имунологот Жан Франсоа Делфрејси.

„Имаме вирус кој продолжува да циркулира силно, а само што излегуваме од вториот локдаун“, рекол имунологот кој е воедно и восок владин научен советник, пренесува Ројтерс.

Со повеќе од 2,42 милиони случаи на коронавирус, Франција е петта по бројот на заразени во светот.

Франција вчера забележала 18.254 нови случа на Ковид 19 што е најголем дневен број на заболени во последниве скоро месец дена.