Британската влада се огласи денеска со реакција, откако по мировните преговори во Турција, Русија соопшти дека има намера да ги намали борбените активности околу два украински града.

– Ќе го судиме (Владимир) Путин и неговиот режим според неговите постапки, а не според неговите зборови, изјави портпаролот на премиерот Борис Џонсон.

– Не сакаме да видиме ништо помалку од целосно повлекување на руските сили од украинска територија.