„Би сакал да кажам дека сме отворени за соработка со Русија. Ние би сакале нашите две земји да работат заедно на производство на вакцини, но исто така и на заедничка борба против корона и други болести“, изјави денес српскиот министер за здравство Златибор Лончар за ТВ-Русија. 24, пренесува ТАСС.

Лончар му се заблагодари на рускиот претседател Владимир Путин за обезбедувањето на Србија со вакцината Спутник V за истражување.

Србија веќе доби примероци од руската вакцина, српски стручњаци ќе ја испитуваат

„Ниту една друга земја не го стори тоа, само Русија. Имаме лабораторија во која се анализира квалитетот на руската вакцина“, додаде Лончар.