Локализиран е пожарот што избувнал повторно во старите бараки каде што се наоѓаше Судот за прекршоци во Градскиот парк во Скопје.
Како што информираа од Територијална противпожарна бригада на Град Скопје за МИА, пријавата за пожарот била околу 20.45 часот, а е интервенирано со шест возила и 19 пожарникари.