Пожарот што вчера избувна на островот Чиово денеска е локализиран, соопшти хрватската противпожарна служба.
Огнот, кој се прошири со помош на ветрот, изгоре ниска вегетација, маслинови градини и борова шума.
Во гаснењето учествуваа сите противпожарни единици од областа Трогир, Солин, Каштел и Сплит, како и воздухопловните сили, хеликоптер, Ер Трактор и три канадери.
Поради пожар привремено беше затворен и локалниот пат, а во ниту еден момент населението и куќите не беа загрозени, соопшти Цивилната заштита.
За време на гаснењето, кое траеше 20 часа, на терен имало 105 пожарникари со 30 возила.