Ризикот од згрутчување на крвта кај пациенти со Ковид-19 е далеку поголем отколку кај вакцинираните против оваа болест, изјави денеска словенечкиот епидемиолог Матеја Логар, која го предводи стручниот совет на словенечката Влада.

Додека следењето на вакцинираните покажа дека ризикот од згрутчување на крвта што може да предизвика венска тромбоза или белодробна емболија со вакцината „Астра Зенека“ е многу мал или еден случај на милион вакцинирани, во Словенија сериозни тромбоемболиски компликации се јавуваат кај околу една четвртина од пациентите третирани со Ковид – 19 во единиците за интензивна нега на словенечките болници – рече Логар.

Таа на прес-конференција одговори на прашањето за создадената недоверба во јавноста во врска со вакцината на британско-шведската компанија, поради што дел од купените вакцини сè уште останува неискористен.

Ова значи дека околу 40 пациенти со Ковид, 153 од нив кои се моментално во словенечки болници, можат да сметаат на тој ризик – додаде Логар.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.