Министерот за правда Кренар Лога во новогодишната честитка до граѓаните им посака добро здравје, среќа, успеси и спокојство.

-Нека 2024 биде година на мудри одлуки, одговорност и посветеност за обезбедување на квалитетен и достоинствен живот. Со меѓусебна почит и соработка, заедно да ги совладаме сите предизвици, напиша Лога во честитката.