Министерот за правда Кренар Лога кој е во посета на Босна и Херцеговина оствари срeдба со својот боснаски колега Давор Буноза, на која се разговараше за заедничките предизвици во областа на правдата и европската иднина на двете држави.
Како што информираа од Министерството за правда, на средбата се дискутираше за реформите во правосудството, владеењето на правото, зголемувањето на транспарентноста и враќањето на довербата во судството, при што беше констатирано дека дека двете земји се соочуваат со слично проблеми.
-Посебно внимание беше посветено на дигитализацијата на судството. Министерот Буноза нè информираше за системот CMS со кој судовите многу успешно работат. Тоа докажува дека кај нив дигитализацијата на судството е поразвиена отколку во Република Северна Македонија, се наведува во соопштението на Министерството за правда
На крајот, двајцата министри се согласија дека единствен пат за напредок и остварување на целите за иднината на државата и нашите граѓани е членството во Европската Унија.