Мјитиланд и Ливерпул својот натпревар од 6. коло во групната фаза од Лигата на шампионите ќе го играат во Дортмунд.
Бидејќи во овој момент во Велика Британија важи правилото за 14-дневен карантин за сите кои доаѓаат од Данска одлучено е овој натпревар да се игра на неутрален терен.
Требаше да се игра во Данска, но на крајот е одлучено Дортмунд да биде домаќин на натпреварот помеѓу данскиот и англискиот шампион.
УЕФА се уште не ја потврдила промената на домаќинството на овој меч, но Борусија објави декана нејзиниот „Сигнал Идуна Парк“ ќе биде одигран натпреварот.
Ливерпул претходно данскиот тим го доби со 2:0 на „Енфилд“, а на „црвените“ им е доволна една победа во преостанатите два натпревари за да го обезбедат пласманот во нокаут фазата.