„Црвените“ ќе се обидат да го пренесат суперталентот на Барселона, кој експлодираше оваа година. Каталонскиот гигант сепак тешко дека ќе се откаже од 18-годишниот фудбалер.
Ливерпул покажа интерес за суперталентот на Барселона, Педри.
„Црвените“ се подготвени да потрошат многу пари само за да го донесат 18-годишникот на „Енфилд роуд“.
Ова го објави италијанскиот портал „Tuttomercatoweb“.
Тренерот Јирген Клоп сака да најде друга опција во средниот ред по заминувањето на Георгинио Вајналдум.
Педри експлодираше оваа година во дресот на Барселона, но исто така блескаше со шпанската репрезентација на ЕП 2020.
Сепак, изгледа доста тешко за Барселона да ја напушти sвездата на својата иднина.
Педри веќе се смета за младиот Андрес Иниеста.